Еросот и Евангелието (2 дел)

Во првиот дел е зачнат описот „ероткса редукција“ со кој во заграда се става сè освен феноменот на љубовта и одоздола се следи нејзиниот развој. Забележано е дека не е можно да се тргне од љубовта према себе, и затоа е потребно првиот исчекор да биде: да љубам прв.

Во вториот дел ќе се откријат пречките кои се поставени при овој обид и како тој сепак доаѓа до својата полнина. Притоа ќе се воочат и слабите точки на еротските настани.

„Како да сакам“

Движењето на љубовта брзо ќе се соочи со (недо)разбирањата на разумот и чувствата. Разумот ќе ги испитува причините, ќе сака да ја измери разборитоста во однос кон другите личности со обѕир на тоа како човекот ги гледа, кои се реалните перспективи на тие односи итн. Емоциите ќе варират. Дури може да се поттикне и длабок сомнеж во сопствената љубов. Меѓутоа и покрај тоа љубовниот чин може да продолжи. „Не љубам затоа што познавам, туку гледам и познавам во мерка во која љубам. При тоа сè поднесувам, во сè верувам, на сè се надевам. Ја чувствувам и сопствената слабост, но самата слабост ме прави силен“. Во оваа бура на сомнежи, кога се чини дека повеќе не можам да љубам, ќе ми биде доволно да сакам да љубам, да сакам да сакам, да постапувам како да сакам. Природно тука веднаш би можело да се каже дека излегуваме од нормалната логика. Но пред да одговориме на оваа забелешка, привремено ќе кажеме дека единствено така субјектот останува во постоење. Не во постоење кое би било само опстанување на битието, туку во постоење во кое се случува остварување на љубовта. Без неа, голото постоење на битието ќе биде само непривлечно жртвување.

Полнина. Љубов кон себе и кон другиот. Досега опишаното љубовно настојување сепак мора да се потврди, затоа што исчезнува и би можело да го проголта страста. Потврда за љубовниот исчекор може единствено да даде другиот. Единствено ако другиот, која личноста не може да ја сведе на себе си затоа што ја надминува, одговори: „Еве ме, дојди!“, не давајќи отпор на неговиот исчекор, се развива во вистинско остварување на „еротскиот феномен“. Еросот, динамичниот поттик кој една личност ја упатува кон другиот во желба да се оствари, овде мора да се соочи со слободата на другиот. Другиот стои пред мене и ме гледа. Несводлив е на мене, ме надминува. Првото што ми го вели е: „Не убивај“, но може да ми каже и: „Еве ме!“ Единствено подложувајќи се да прими потврда на своите еротски настојувања од слободата на другиот, личноста ќе остане во автентичниот еротски од. Во спротивно ќе „испари“ во трговската логика и повеќе не би била еротична. Спротивно од тоа, во остварената средба на слобода на настаните се случува навлегување, отелотворување, двострано збогатување без искористување. Во неизвалканото навлегување, задоволството на едната личност се раѓа од задоволството на другата. Тука љубовта кон себе не се коси со љубовта кон другиот. Додека вљубените се здружуват во взаемна отвореност, тие се помируват и со сопственото тело и како индивидуи совршено се обликуваат. Успеват да го прифатат и љубат и другиот и себе. Субјектите на еротското заедништо, примајќи се еден од друг и од настанот на љубовта, постануват важно одбележени со дарот, постануват до таа мерка обдарени, и би било поисправно е да се нарекуват со името „обдарени“ отколку со „личности“.

Слаби точки и нужност од воспитание

Гледјќи понатаму како Марион го прати еротскиот феномен, забележуваме дека колку и ова да се чини “happy end”, сепак се не е готово. Предизвикот со кој понатаму треба да се соочи се автоматската еротизација и прекинот на еротизацијата. Автоматска еротизација значи превласт на сексуалниот нагон над целокупната средба со личноста, и од неа, нужно, постојано се одалечува затоа што доведува до застој на вистинскиот еротски феномен и раѓа насилие. Прекинувањето на еротизмот се случува со настапот на оргазмот како сексуална кулминација, што покажува дека еротското продирање само по себе не е достатно за вистинската потврда на личностите, и по суспендирањето на еротскиот феномен може многу лесно да прерасне во заведување, неверност и порнографија – појави кои ги раѓа несреќната совест и го испразнуват еросот од засреќувачкиот потенцијал кој тој во себе го сокрива. Од овие откритија на Марион не е тешко да се извлече заклучок дека на еросот му е потребно воспитание, и тоа не било какво, туку воспитание кое ќе овозможи вистинско остварување на еросот, кој пак од своја страна е потенцијалот на неговата природа. Воспитание во склад со природните закони кои ја одредуваат личноста, па и смислата на полот и родот. Толкувањето на природата на еротската димензија на љубовта не е работа на идеологијата, туку реалност која е сосема конкретна и достапна. Токму неа Марион настојува детално да ја следи во нејзиното вистинско остварување.

 Еросот и Евангелието – 1 дел

Категорија: Колумни

За авторот

Write a Comment

<